Влијание на кусите врски врз работата на ветрогенератори со двојно-напојуван асинхронен генератор (DFIG)

Ветрогенераторите денес сe почесто се користат како енерегтески извори за производство на електрична енергија од обновливи извори, без разлика дали станува збор за копнени или водени површини. При тоа, како погоноски генератор многу често се користи специјална изведба на асинхронен мотор со намотан ротор со двојно-напојување (DFIG – Double-fed Induction Generator), пред сe заради неговите позитивни својства во смисол на поширок рабoтен дијапазон, поголемо производство на електрична енергија при исти локациски услови и можност за генерирање на активна и реактивна моќност за подршка на напонските прилики во електроенергетската мрежа. Во овој труд прикажана е симулација на влијанието кои го имаат кусите врски на собирниците на дистрибутивната електроенергетска мрежа каде што е приклучен ветрогенераторот врз неговата работа и неговите работни карактеристики, пред сe напонот, струјата и активната и реактивната моќност која тој ја дава во мрежа. Анализирата и симулацијата е направена со користење на програмскиот пакет Matlab/SIMULINK.